voguerre sunderland escorts 1v1.lol unblocked yohoho 76 https://www.symbaloo.com/mix/yohoho?lang=EN yohoho https://www.symbaloo.com/mix/agariounblockedpvp https://yohoho-io.app/ https://www.symbaloo.com/mix/agariounblockedschool1?lang=EN

Gradime mostovi 2016

Пријавен лист за фондот „Градиме мостови“ Општи информации Информации за училиштето Име на училиштето: ООУ Рајко Жинзифов, општина Чаир - Скопје Основно или средно: ОУ – општина Чаир Централно и/или подрачно: Адреса: Ул. Методија Митевски бб Чаир - Скопје Општина: Општина Чаир Број на ученици: 1309 ученици (1104 се албанци, 67 македонци, 67 бошњаци, 23 роми, 7 турци и 41 други националности. Наставата се реализира на 47 паралелки). Телефон/факс: Број на наставници: 82 наставници E-пошта: rajkozinzifov@hotmail.com Наставен јазик/јазици: Македонски и албански Директор на училиштето: Кадри Агуш Број на смени: Наставата се одвива во две смени Мешани или одделниа: по одделениа ( наставата се реализира на албански и македонски јазик) Лице за контакт: М-р. Лулјета Азизи Постојни заеднички активности: Актинвости кои се во рамки на образовната програма Име на партнерското училиште/та: 1.ОУ Рајко Жинзифов ( мулитетничко училиште) Општина/и: 1. Општина Чаир 2. 3. Основно или средно: 1. 2. 3. Наставни јазици: 1. Македонски 2. Албански 3. Вкупно предвидени трошоци 381, 600МКД МКД Прашања: План за активноста? Овој предлог проект произлегува од еден конкретен проблем кој е видлив и постоечки во ОУ Рајко Жинзифов, општина Чаир. Училиштето Рајко Жинзифов – општина Чаир, е основано во 1945 г каде наставата се одвива на македонски и албански јазик. Постои голема заинтересираност на рoдителите децата основното образование да го завршаат во оваа училиште. Така со тек на времето бројот на учениците постепено се зголемува а паралелно на тоа капацитетот на училиштето останува ист но истовремено и се помал за да може соодветно да одговори на бројот на ученици. Вкупен број на ученици е 1309 од кои 1104 се албанци, 67 македонци, 67 бошњаци, 23 роми, 7 турци и 41 други националности. Учениците се распределени во 47 паралелки што е навистина многу. Имајки го во предвид капацитетот на училиштето, затоа и наставата се одвива во две смени но и тоа не е доволно за да ги реши проблемите. Затоа еден дел од учениците кои се прво и второ одделение (најмалите ученици) се принудени наставата да ја држат надвор од училиштето во просториите на детската градинка Снежана и тоа е навистина голем проблем. На уште поголем проблем се учениците кои се запишани во целодневната настава и немаат ни пристојни услови за тоа. Училиштето од секогаш подржувала мулитентички активности и секогаш била за заедничко донесување на одлуки во согласност со наставниците , родителите и учениците. Во моментот училиштето има потреба од уредување на училишниот двор и спортаската сала , каде се сметаат како заеднички простории на деца албанци , македонци, турци, роми и бошњаци. Овие две простории се места како ЦЕНТАР каде децата албанци и македонци, рмо, труци, бошњаци имаат заеднички активности. Таму се среќаваат се дружаат, разговараат, разменуваат мислења , го учат јазикот на другиот и имаат заеднички спортски активности во кординација со наставниците албанци и македонци. Со тек на време како училиштето има помал годишен буџет не може да постигне за реновирање и уредување на тие простории, за таа цел преку овој предлог проект бараме финансика поддршка за постигнување на нашата цел. Најранлива група и со кој се соочуваат со овој реален проблем ( немање на соодветен простор за слободни, спортски активности) ни се децата во возрас од 6 години до 10 додини ( од прво до пето одделение), кои остануват во учиулиште на целодневна настава и згрижување. Тие ученици поради обврските на нивните родители кои мора да се задржат на работа и до 16 30 ч па и до 17 ч мора да престојуваат во училиште преку целиот ден или по најмалку осум часови. Фактот дека се поголем број на родители се вработени и немаат кој да се грижи за нивните деца дополнително го зголемува бројот на ученици што остануват на целодневна настава и престој во училиштето. Овој факт прави тешкотии во реализирање на нашите целодневни активности со овие деца кои остануваат во училиштето преку целиот ден. Тешкотиите за соработка, заеднички активности и заедничка дружба на децата од албанската етничка заедница, македонската , турската и ромска заедница доаѓа во поголем израз. А причината е што дворот на училиштето треба да се реновира. Зарада избегнување на телсни повреди на децата, нехигинеа (бидејќи нема услови во дворот на училишето) , наставниците албанци и македононци децата само мал временски период ги држаат надвор. Децата имаат енергија и потреба освен учење и да играат и да се дружаат заедно и без тешкотии да се движаат надбвор од училиштето. За таа цела, најискрено имаме потреба од : Градење на патеки во дворот Циментирање на дворот Внесување на клупи Средување на оградата Обезбедување со спорстска опрема ( топки за кошарка, топки за футболл....) Матерјали за одржување на заедничките рабни средби Печатење на заедничко списание Финансиска поддршка за еднодневна едукативна ексукрзија во Скопје Кои се учесниците? а) Број на ученици директно вклушени во активностите: 144 ученици б) Возраст на учениците: Од Прво до Пето одделение се згрижени во програма за целодневен престој (6 години 10 години). Во овој момент нивната бројка изнесува 144 ученици со тенденција постојано да расте. в) Пол: мажки и женски г) Наставен јазик (јазици): Македонски и ачбански јазик Прецизирајте кој ќе биде главното одговорно лице (лица) за спроведување на активноста/интервенцијата и за поднесување на наративен извештај по завршувањето на активностите. Име:Лулјета Презиме: Азизи Позиција: М-р. Лулјета Азизи ( наставник во ОУ рајко Жинзифов) Мобилен телефон: 071296699 E-mail: rajkozinzifov@hotmail.com Каде и кога? Проектни активности Активонстите кои ги имаме предвидено во рамки на овој предлог проект се: Уредување на дворот на училиштето Адаптирање ( кречење на спортската сала) Опремување со спортска опрема ( топки, јажиња...) Ставање на клупи во дворот Работа во мешани групи ( албанци, македонци, турци, роми, бошњаци...) за подобро запонавање меѓу себно. Работа во групи преку игра за да се постгине целта за градење на доверба меѓу себе Преку спортски активности (ракомет, косарка, футбол децата ќе се дружаат) Публикување на заедничко списаније ( каде ќе бидат објавени твроби, песни, раскази од децата /целната група со мулитенчки карактер) . Списанието во едно че биде повеќе јазична ( македонки, албански, труски, ромски, бошњачки) . Сите деца ќе пишуваат на свој мачин јзик и меѓу себе ќе ги преведат текстовите. На овој начин мислиме дека ќе ја заврстиме меѓуетничката соработка помеѓу децата од меашни групи кои учаат во ОУ Рајко жинзифов, општина Чаир. Заедничка еднодневна екскурзија во Скопје (144 ученици) Дали првпат ќе се одржи таква активност? ОУ Рајко Жинзифов има реалзирано мулитетнички активнксот но само за заеднички државни празници, за патронат на училиштето. Но доколку се поддржува оваа иницијатива и се подобруваат условите во училиштето, ќе се потрудиме во континуитет и во секопјдневие да имаме заеднички активности. Што ви е потребно? Ставка Износ Предвиден поединечен трошок Вкупно 1. Кречење на спортскаста сала 30,000 30,000 2. Спортска опрема 20,000 20,000 3. Стази ( циментирање ) - 200м2 200.000 200,000 4. Клупи за дворот на училиштето 50,000 50,000 5. Печатење на списание (1000 примероци) 20,000 20,000 6. Работни групи (матерјал, освежување...) 40,000 40,000 7. Заедничка едукативна еднодневна екскурзија (144 х 150 мкд) 21.600 21,600 Вкупно предвидени трошоци 381,600 381,600МКД Што потоа? ОУ Рајко Жинзифов, во општина Чаир ќе продолжи како традиција (од кога ќе се подобрат условите) за организирање на мулитенички и заеднички активности со децата.

Gradime mostovi 2016 -2

Фондот „Градиме мостови“ Република Македонија изобилува со многу богатства, меѓу кои се различноста на луѓето, културата и јазиците. Уставот на Република Македонија споменува седум заедници, додека пак шест различни јазици се во службена употреба во вкупно 81 општина, а образованието се одвива на пет мајчини јазици. Но, понекогаш немаме доволно ресурси со кои би постигнале целосно искористување на ова богатството од различности во земјата. Занемарувањето на придобивките од различноста како и намалувањето на можностите на следните генерации да ги разберат, да ги негуваат и да уживаат во нив, овозможува овие различности да останат без мостови и да раѓаат поделби. На новите генерации им се потребни мостови преку кои тие ќе допрат до богатството и благодатите на различноста. Ова особено важи за училиштата, кои треба да ги подготват учениците за заедничка иднина во Европа со сета нејзина културна различност. Фондот „Градиме мостови“, воспоставен во 2014 е скромен придонес кон оваа цел. Како заеднички проект на Министерството за образование и наука, Амбасадата на Кралството Холандија, Владите на Швајцарија и Ирска и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, фондот нуди поддршка на општините, учениците, наставниците, родителите и училиштата на кои им е потребна поголема интеракција, разбирање и интеграција во нивните заедници и училишта. Со оваа поддршка се олеснува пристапот до грантови за повеќејазични училишта или за збратимени еднојазични училишта, со цел да се организираат заеднички активности со ученици од различни заедници, а кои наставата ја следат на различни јазици. Овие активности може да бидат најразлични: од организирање на настани од страна на општините каде ќе бидат вклучени сите училишта од општината, до заеднички подготовки на учениците за некоја активност, ИТ работилници, модни ревии или ди-џеј сетови; потоа активности со кои наставниците организираат низа на меѓуетнички настани, родителите се активираат во воннаставни активности, како и разни видови на соработка помеѓу училиштата. Постојат безброј можности за организирање на различни активности, нема никакви ограничувања. Најважно од сè е дека во овие активности се вклучуваат ученици од различен наставен јазик и дека со помош на ваквите активности се градат мостови меѓу учениците. Сето ова може да се постигне доколку активностите: Се дел од некоја низа настани и немаат карактер на еднократни настани. Исклучок од ова би биле случаите кога дадената активност е почеток на некоја идна низа од активности од сличен карактер; Резултираат во некој заеднички посакуван производ кој произлегува од соработката меѓу ученици од различни заедници. Тука влегува создавањето и опремувањето на заеднички простории; Се навистина „мешовити“ и не наведуваат на антагонизам меѓу заедниците во текот на настаните, како на пр. меѓу-училишни натпревари; Фокус на активности кои го потенцираат интересот кои го делат сите ученици, не потеклото кое ги разликува (како традиции на заедниците, фолклор, храна, костими итн.); Се одржуваат на јавни места, а не само во затворени училишни средини; Подеднакво вклучуваат ученици од двата пола, како и лица со посебни потреби и ангажирани родители; Исклучуваат политички активности, но никогаш не исклучуваат некоја заедница. Проектот нуди „брзи грантови“ во износ не поголем од 1500 евра. Овие грантови се наменети за активности кои се случуваат спонтано или се итни и за нив училиштата можат да се пријавуваат во секое време. Со нив може да се подржи некоја активност и тоа во рок од еден месец од доставување на апликацијата, доколку со таквата активност навистина „се гради мост“. Другиот вид на грантови се „редовните грантови“ во износ до 7000 евра, за кои потребно е да се аплицира во три рокови во текот на 2016 година. По тоа независно советодавно тело ќе ги разгледа и ќе одлучи по доставените предлози. Во насока на успешна реализација на активностите тие треба навремено да се планираат. Тоа би значело дека подготовките на активноста треба да започнат најрано еден месец откако советодавното тело ќе одлучи дека ќе ја поддржи активноста , односно два месеци по истекот на рокот за пријавување (1 март, 1 мај, 1 октомври 2016 г.). Советодавното тело е составено од следниве почесни членови: Н.Е. Нина Суомалаинен, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје; Н.Е. Воутер Пломп, Амбасадор, Амбасада на Кралството Холандија; Арлинда Идризи, Советник за политички и економски прашања, Амбасада на Кралството Холандија; Сафет Незири, Анастасија Трајковска, Георге Николов, Државни советници во Министерството за образование и наука; Реџеп Али Чупи, Директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при МОН; Арбенита Исмани-Сакипи, Раководител на Сектор за меѓународна соработка, СИОФА; Ирена Оровчанец, Советник, Агенција за остварување на правата на заедниците; Един Хајдарпашиќ, Новинар / Уредник, ТВ 24 Вести Тони Зен, музичар; Ребека, музичар/НВО; Венера Лумани, музичар; Арно ван дер Пас, Виш координатор за меѓуетнички односи, Раководител на проектот „Градиме мостови“ Сите или некои од горенаведените лица повремено ќе земат учество во промовирање на одобрените активности. Доколку сакате да се пријавите за грант, потребно е да поднесете пополнет формулар за пријавување преку е-пошта (fund.buildingbridges@gmail.com), за „брзите грантови“ во кое било време, а преку редовна пошта (Building Bridges Fund, Поштенски Фах 558, 1000 Скопје) за „редовните грантови“, пред истекувањето на трите горенаведени рокови за пријавување (1 март, 1 мај, 1 октомври 2016). Формуларите се во продолжение на овој документ, а може да се преземат и од интернет-страницата на Министерството за образование и наука (Building Bridges) на шесте јазици во службена употреба во одделни делови од земјава. Доколку формуларите се пополнуваат на некои од овие јазици, секогаш мора да се приложи и нивна англиска верзија. Потребно е да се одговорат сите прашања во формуларот, како и да се достави преглед на материјалот потребен за да се реализира активноста. Нагласуваме дека фондот „Градиме мостови“ не распределува парични средства, туку ја поддржува набавката на потребниот материјал и/или услуги, што значи дека вие само треба да направите проценка на неопходните трошоци, а за сето останато ќе се погрижи фондот. Барателите на грантови можат да вклучат и материјални инвестиции кои ќе им овозможат продолжување на идните активности независни од грантот, но тие инвестиции треба да бидат директно и очигледно поврзани со предложените активности. Фондот „Градиме мостови“ обесхрабрува апликации фокусирани на различни обичаи, фолклор, храна, облека и наследство кое ги разликува заедниците и претпочита помодерни концепти за интеграција кои се фокусираат на она што сите заедници го споделуваат, кое што е многу повеќе. Се надеваме и сметаме дека фондот „Градиме мостови“ отвора големи можности за следните генерации да ја искористат различноста на општеството и нејзините благодати. Затоа, ве охрабруваме да ги искористите понудените можности со цел да изградите мостови кои им се потребни на вашата заедница, вашата Општина, вашите училишта и деца. Пријавен лист за фондот „Градиме мостови“ Општи информации Информации за училиштето Име на училиштето: Основно или средно: Централно и/или подрачно: Адреса: Општина: Број на ученици: Телефон/факс: Број на наставници: E-пошта: Наставен јазик/јазици: Директор на училиштето: Број на смени: Мешани или одделни: Лице за контакт: Постојни заеднички активности: Име на партнерското училиште/та: 1. 2. 3. Општина/и: 1. 2. 3. Основно или средно: 1. 2. 3. Наставни јазици: 1. 2. 3. Вкупно предвидени трошоци МКД Прашања: План за активноста? Опишете ја активноста/интервенцијата која планирате да ја организирате или спроведете, на кој начин и од чија страна. Ве молиме опишете ги планираните активности, не претходните проекти или активности кои биле спроведена во минатото. Кои се учесниците? Доставете детали за учениците кои ќе бидат вклучени, нивната возраст, одделение, пол, наставен јазик и слично: а) Број на ученици директно вклушени во активностите ______________________________________________ б) Возраст на учениците ___________________________________________________________________________ в) Пол __________________________________________________________________________________________ г) Наставен јазик (јазици) _______________________________________________________________________ Прецизирајте кој ќе биде главното одговорно лице (лица) за спроведување на активноста/интервенцијата и за поднесување на наративен извештај по завршувањето на активностите. Име: _________________________________________________________________________________________ Презиме: ____________________________________________________________________________________ Позиција: ____________________________________________________________________________________ Мобилен телефон: ____________________________________________________________________________ E-mail: _______________________________________________________________________________________ Каде и кога? Опишете ја локацијата/локациите каде што се планира одржувањето на активноста/интервенцијата, како и предвидената временска рамка во која би се имплементирала, бројот на вклучените ученици и одговорното лице во приложената табела. Детален опис на активноста Локација Време/датум Број на вклучени ученици Одговорно лице / Училиште Активност 1: Активност 2: Активност 3: Активност 4: Активност 5: Активност 6: Активност 7: Дали првпат ќе се одржи таква активност? Назначете дали вие или вашето училиште претходно сте организирале ваква или слична активност и доколку тоа било случај, со чија поддршка, кога и дали била успешна. Што ви е потребно? Детално опишете ги материјалните потреби за вашиот предлог, како на пример, опрема, услуги, хонорари, провизии и сл. и направете проценка на неопходните трошоци. Ставка Износ Предвиден поединечен трошок Вкупно 1. 2. Вкупно предвидени трошоци МКД Што потоа? Прецизирајте како, колку често ќе продолжите со заеднички активности откако ќе се исцрпи овој грант, посебно ако имате побарано опрема или реновирање.