Основното училиште “ИСМАИЛ ЌЕМАЛИ (Рајко Жинзифов)” од Скопје е основано во 1945 година. Во почетокот работело со 201 ученици и со 4 просветни работници. Зградата во која се изведувала наставата била мала со 4 училници и се наоѓала во местото „Стара нова бања“. Со тек на времето училиштето се проширило, а во 1971 година преминало во нова училишна зграда во населбата Топанско Поле во општина Чаир, на улица Методија Митевски каде се уште работи.
Општината Чаир се наоѓа во северниот дел на град Скопје, се граничи на југ со општина Центар, на запад со општина Карпош, на исток со општина Гази Баба и на север со општина Шуто Оризари и Бутел.
Дворната површина на училиштето изнесува вкупно 11.426 м2. Површината на првиот кат со салата изнесува 2350 м2, а површината на вториот кат изнесува 1.356 м2. Вкупната површина на училишната зграда изнесува 3706 м. Вкупната површина по ученик изнесува 3,94 м2.
Понеделник – Петок: 06:00–18:50
Сабота – Недела: Затворено