ООУ „Исмаил Ќемали“ – Скопје, Чаир
Врз основа на член 75 од Законот за основно образование (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 161/19, 229/20, 3/25 и 74/25) и Правилникот за пофалби и награди, номинирање и избор на првенец на генерација на учениците во ООУ „Исмаил Ќемали“, Скопје-Чаир, Комисијата за избор на првенец на генерација за учебната 2025/2026 година, генерација 2017/2026, распишува:
━━━━━━━━━━━━━━━━━━
КОНКУРС
За избор на ученик првенец на генерација за деветто одделение
━━━━━━━━━━━━━━━━━━
Право на учество има секој редовен ученик од деветто одделение при ООУ „Исмаил Ќемали“, Скопје-Чаир, кој ги исполнува следните услови:
Континуиран одличен успех од VI до IX одделение;
Примерно поведение на крајот на наставната година од VI до IX одделение;
Да не бил казнуван со педагошка мерка од било кој вид во текот на школувањето;
Да покажува примерен однос во училиштето и надвор од него;
Учество на училишни, регионални, државни и меѓународни натпревари по наставни предмети и слободни ученички активности, докажано со соодветен документ;
Освоени награди, дипломи, пофалници, благодарници или признанија во текот на основното образование;
Покажан интерес за учество во активности, промоции и проекти за унапредување на училиштето;
Вкупниот број на неоправдани изостаноци во текот на годината да не биде поголем од 10 (за секоја учебна година поодделно).
━━━━━━━━━━━━━━━━━━
Потребни документи:
Пријава
Копии од свидетелства од VI до VIII одделение
Дипломи, пофалници, благодарници и потврди

Потврда од класен раководител за поведението на ученикот
━━━━━━━━━━━━━━━━━━
Потребните документи учениците треба да ги достават во плик во училиштето кај стручен соработник (педагог, психолог, дефектолог), со назнака:
„До Комисијата за избор на ученик првенец на генерација“
Секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот
Во период од 13.05.2026 до 29.05.2026 година
━━━━━━━━━━━━━━━━━━
Комисијата ќе ги разгледа сите доставени документи согласно критериумите утврдени во Правилникот за номинирање, избор и прогласување на првенец на генерација и пофалени ученици.
Нецелосните и ненавремено доставени документи нема да бидат разгледувани.
━━━━━━━━━━━━━━━━━━
Комисија за избор на ученик-првенец на генерација и пофалени ученици
Датум: 12.05.2026 г.
Директор:Теута Имери