Меморандум за соработка помеѓу две основни училишта

Основното училиште „Исмаил Ќемали“ – Чаир и Основното училиште „Халил Алидема“ – Пожаран, Вити, потпишаа Меморандум за соработка, со цел зајакнување на институционалната соработка и унапредување на образовните процеси.

Меморандумот беше потпишан од директорките на двете училишта, г-ѓа Теута Имери и г-ѓа Дрита Пира , со што ја потврдија подготвеноста и посветеноста за долгорочна и одржлива соработка .

За време на средбата , разговорите помеѓу директорките и училишните колективи беа исклучително корисни и конструктивни , во дух на топла и професионална соработка . Беа разгледани идеи и иницијативи за реализација на заеднички проекти , размена на педагошки искуства, едукативни и културни активности, како и професионален развој на наставниците и учениците .

На средбата учествуваа и г-ѓа Мјелма Гаши, одговорна за образование во Општина Чаир, како и г-ѓа Елвиса Алидема, советничка за кариера – Пожаран , кои со своите идеи и искуства дадоа значаен придонес кон збогатување на дискусиите и зајакнување на меѓуинституционалната соработка.

Овој меморандум претставува значаен чекор кон воспоставување нови партнерства и придонесува кон унапредување на квалитетот на образованието и меѓуучилишната соработка.

Линии за помош и
Броеви за итни случаи

Основното училиште “ИСМАИЛ ЌЕМАЛИ (Рајко Жинзифов)” од Скопје е основано во 1945 година. Во почетокот работело со 201 ученици и со 4 просветни работници.Зградата во која се изведувала наставата била мала со 4 училници и се наоѓала во местото „Стара нова бања“.

Контактирајте не

Работно време:

Понеделник – Петок: 06:00–18:50
Сабота – Недела: Затворено

© 2025 O.О.У. ИСМАИЛ ЌЕМАЛИ, Скопје 1000 РСМ - Сите права се задржани. | Овозможено од: